„Црвена јабука“ в сабота на „Summerland“ во Градски парк

267

Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски парк, викендов ќе бидат одржани неколку настани и музички перформанси. Вечер, од 19.30 со „Готвиме со Бранко“, ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат, ќе може да донесат оброци. Од 21, The music room ќе има тричасовен музички live сет- комбинација од диџеј, гитара и вокал, а просторот пред Школка ќе биде претворен во голем подиум за танцување.

Во сабота, пак, преку ден е предвидена детска програма. Од 17, влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука“.

Во недела на Школка, од 19 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21 часот на главната сцена, настапуваат рокенрол бендот- Културно Уметнички Работници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...