Цистерна полна со нафтени деривати пред малку се преврте кај Неготино. Возачот на цистерната не е повреден – изјавил за 1ТВ колега на возачот во телефонски разговор.
Тој додал дека најверојатно причината е замор на возачот, бидејќи на пат кон Грција тргнал вчера во 7 часот наутро, таму чекал да се наполни цистерната и веднаш тргнал кон Скопје. Во разговорот возачот изјавил дека имаат наредба од раководството да возат без одморот кој е предвиден со закон.
Од 1ТВ побарале одговор кај надлежно лице во компанијата. Одговорниот со кој стапиле во контакт, кусо рекол дека не може да разговара вечерва и дека утре ќе одговори на прашањата.