Ципрас: Спротивно на ретроградните струи, го потпишавме историскиот Договор од Преспа

182

Спротивно на ретроградната струја што постои на меѓународната сцена, Грција направи историски договор со соседната земја, рече, меѓу другото, грчкиот премиер Алексис Ципрас на конференцијата организирана од грчко-американската комора, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за предизвиците за Грција за следната година, се осврна и на меѓународната клима во која се во тек напорите за закрепнување на земјата.

Рече дека традиционалните односи меѓу земјите поминуваат криза и се ставени под сомнеж, се зајакнуваат националистичките гласови кои во одредени земји доаѓаат и на власт.

Нашата земја, ова вреди да се истакне, контра на оваа, дозволете ми да ја споменам како ретроградна струја на оваа ера, во изминатиот период, во јуни годинава направи историски договор со соседната северна земја, со поранешната југословенска Република Македонија за едно прашање што беше нерешено во изминатите 35 години, уште еднаш давајќи пример како сила на мир, соработка, разбирање и стабилност во нашиот регион – рече Ципрас

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...