Ципрас: Со крената глава ја прифаќаме одлуката на народот

Денеска, за нас, за мене, за СИРИЗА се затвора еден голем и тежок циклус, рече Ципрас, истакна дека ќе разгледаат се што сториле и она што било правилно но и грешките што ги направиле и ќе ја презеде одговорноста. 

703

Граѓаните ја донесоа нивната одлука, целосно ја почитуваме одлуката на народот, рече грчкиот премиер во заминување на почетокот на неговото обраќање пред новинарите, но и пред јавноста од прес центарот во салата за конференции Запио, јави дописничката на МИА од Атина.

– Се боревме и постигнавме многу секогаш со крената глава и сега, повторно со крената глава ја прифаќаме одлуката на народот. Со крената глава бидејќи знаеме дека Грција што ѝ ја предаваме на новата влада нема никаква врска со тоа каква беше Грција кога ја презедовме – истакна Ципрас.

Грчкиот премиер во заминување рече дека стапил во контакт со Кирјакос Мицотакис за да му честита за победата и утре ќе го прими во премиерската палата за да му ја предаде функцијата.

Алексис Ципрас истакна дека тие ќе бидат одговорна и динамична опозиција, а говорејќи за изминатите четири години рече дека донеле тешки одлуки и презеле тешка политичка цена, кое и денес го плаќаат, бидејќи „изборната доминација на Нова демократија е јасна“ и додаде дека изборниот резултат не е стратешки пораз за СИРИЗА

– Денеска, за нас, за мене, за СИРИЗА се затвора еден голем и тежок циклус – рече Ципрас, истакна дека ќе разгледаат се што сториле и она што било правилно но и грешките што ги направиле и ќе ја презеде одговорноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...