Ципрас: Северна Македонија која се роди денес ќе биде земја пријател

1510
ФОТО: EPA-EFE / ANDREA BONETTI

Северна Македонија, која се роди денес ќе биде земја пријател, напиша премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на неговиот официјален Твитер профил, кусо по соопштувањето на резултатите и зеленото светло од грчкиот Парламент за Договорот од Преспа. Тој додаде дека денес е историски ден, денес „се пишува нова страница за Балканот“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Следните генерации и во двете земји им должат благодарност на пратениците кои со храброст и смелост ги поставија темелите за иднина на мир, солидарноста и хармоничен соживот меѓу двата народи. Северна Македонија која што се роди денес ќе биде земја пријател. Сојузник и поддржувач на Грција во нејзините напори за безбедност, стабилност и заеднички развој во регионот, напиша грчкиот премиер.

Алексис Ципрас на почетокот од твитот напиша дека Грција денес заштитува значаен дел од нејзината историја, од културното наследство и античката грчка историја.

 

Фото:EPA/EFE/ANDREA BONETT

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...