Ципрас пристигна во Скопје

1671

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас попладнево по втор пат ја посети македонската Влада во Скопје, во пресрет на утрешниот самит на „Економист“ посветен на Западен Балкан, каде тој ќе биде еден од говорниците.

Во Владата тој како лидер на грчката опозиција, беше најавено дека ќе се сретне со својот пријател, премиерот Зоран Заев.

Претседателот на СИРИЗА, синоќа се обрати на крајот од тридневниот фестивал „Спутиник”, организиран од подмладокот на партијата, а во неговиот говор се осврна и на Договорот од Преспа, за кој рече дека е горд и дека со него е затворена голема рана за Балканот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...