И последниот глас може да биде одлучувачки. Одлучуваме за нашиот живот, напиша рано утрово грчкиот премиер Алексис Ципрас на неговиот официјаен Твитер профил, кусо откако беа отворени гласачките места во Грција , јави дописничката на МИА од Атина.
Лидерот на СИРИЗА, ги повика граѓаните, денеска, масовно, да излезат на гласање.
„Денес битката ја водиме од првата до последната минута. Со оптимизам и решителност. Гласачките кутии се празни и сите можности се отворени. Одлуката на секој и на секоја е она што ќе го одреди резултатот. Ќе го одреди текот на нашата земја во следните четири години, но и нашите животи. Никој да не биде отсутен. И последниот глас може да биде одлучувачки. Одлучуваме за нашиот живот“, напиша Ципрас на Твитер.