Досегашниот претседател на грчката Влада, Алексис Ципрас денеска во премиерската палата официјално му ја предаде функцијата на идниот премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Претходно, Мицотакис положи свечена заклета во претседателската палата во присуство на потесниот круг од семејството и пред шефот на државата Прокопис Павлопулос.
ФОТО: EPA / KOSTAS TSIRONIS