Вечерашново гласање е голем чекор кон нашиот заеднички успех, му порача вечерва грчкиот премиер Алексис Ципрас на премиерот Зоран Заев, откако македонскиот парламент ги изгласа уставните промени, кои беа услов за Преспанскиот договор.
– Честитки, пријателе мој, Зоран Заев! Вечерашново гласање е голем чекор кон нашиот заеднички успех. Мошне важен чекор кон мирна и просперитетна иднина за нашите народи!, напиша Ципрас.
Congratulations my friend @Zoran_Zaev ! Tonight’s vote is a big step towards our common success. A very important step to a peaceful and prosperous future for our people!
— Prime Minister GR (@PrimeministerGR) October 19, 2018