Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и нема да присуствува на свеченоста во Мостар, каде што требаше да биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, поради сериозната ситуација со пожарите во областа Атика, и итно се враќа во Атина.
Претходно, Ципрас од Босна и Херцеговина рече дека е во континуиран контакт со надлежните министри кои го известуваат за ситуацијата и изрази надеж дека пожарите ќе се стават под контрола, Тој истакна дека „загрижува фактот што во исто време се појавуваат паралелни жаришта на исток и запад“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, префектот на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, Рена Дуру, прогласи вонредна состојба во источниот и западниот дел, односно областите каде што пожарите се уште не се ставени под контрола