Додека грчкиот премиер Алексис Ципрас е во посета на земјава, а во моментов е во Владата, воен оркестар свири на плоштадот кој се уште се вика Македонија, на платото пред Камени мост.
Грчкиот премиер утрово беше пречекан без државни и воени почести – не беа интонирани државните химни на двете земји, немаше почесна гарда, ниту воен оркестар, што е редовен протокол при посета на високи гости во земјава.
ОБНОВЕНО Плусинфо во меѓувреме доби информација дека станува збор за американски воен оркестар, кој соработува со Град Скопје. До забуната дојде поради очекувањето воен оркестар да свири предплатото на Владата. Се извинуваме поради употребатана глаголот „питачи“, кој е исправен.