Ципрас: Европските вредности понекогаш се посилни на Балканот отколку во Брисел

437
ФОТО: EPA / KOSTAS TSIRONIS

Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел, напиша на Твитер поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, додавајќи дека неодредениот датум за почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз за европска структура, jави дописничката на МИА од Атина.

– Одлуката на Европскиот совет да отфрли почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз на европската структура. Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел. Ќе продолжиме да се бориме за иднината и за обединетоста на Европа. Тоа им го должиме на нашите народи – напиша Ципрас на Твитер.

ФОТО: EPA / KOSTAS TSIRONIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...