Ципрас до Макрон: Против Договорот од Преспа протестираа екстремно десничарски популисти

290

На маргините на Самитот на земјите од Југот, што се одржува во Никозија, а на кој учествуваат кипарскиот и францускиот претседател, премиерите на Грција, Италија, Малта и Португалија и министерот за надворешни работи на Шпанија.

Алексис Ципрас, според видеото објавено од грчката телевизија Антена, во дијалогот со претседателите на Франција и Кипар, Макрон и Анастасиадис, говори за неодамнешниот протест во Атина против Договорот од Преспа.

– Беше тешко. Имаше демонстрации на екстремно десничарски популисти против Договорот – вели Ципрас.

– Колку учествуваа?, прашува Макрон.

– На последниот протест беа околу 70.000. Не 17, туку 70. Седум, нула. Не беше толку голем – објаснува грчкиот премиер.

Во друг извадок од дијалогот на маргините на Самитот, Макрон го прашува Ципрас дали мнозинството од граѓаните го поддржуваат Договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

– Да, така мислам, мнозинството граѓани кои можат да мислат и да критикуваат, користејќи го нивниот ум – одговара Ципрас.

Грчката телевизија објавува кус разговор на грчкиот премиер и со неговиот со неговиот колега од Малта, Џозеф Мускат.

– Од надвор изгледаше тешко – коментира премиерот на Малта.

– Да. Замислете од внатре како беше. Но, затоа ова е важно – му одговара Ципрас.

– Но, обезбедивте место во историјата – додава Мускат.

Фото: EPA/KATIA CHRISTODOULOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...