ЦИВИЛ: Институциите да стават крај на неказнивоста за говорот на омразата

144

ЦИВИЛ им изразува длабоко сочувство на семејствата и блиските на загинатите од сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Ова е голема загуба за сите нас, без исклучок. Апелираме до сите надлежни институции да спроведат соодветна истрага и да сторат сѐ што е во нивна надлежност да им помогнат на семејствата на сите настрадани и повредени во несреќата.

– ЦИВИЛ – Центар за Слобода најостро го осудува екстремниот говор на омраза користејќи ја трагедијата на загинатите и повредените да манифестираат невидена суровост и нечовечност. Ги повикуваме релевантните институции да преземат итни мерки и соодветно да ги казнат лицата што безмилосно и бесрамно ја користат оваа трагедија, за искажување на своите ниски, фашистички и нечовечки мисли и пораки, со што ја навредуваат човечноста на целата нација.

Сметаме дека говорот на омразата што се појави по овој трагичен настан е уште една манифестација на ужасно ниска свест и политичка култура. Тоа е последица, во прв ред, на неказнивоста што ја уживаат индивидуи и организирани екстремисти токму од институциите. Познато е дека патеката меѓу говорот на омразата и делата од омраза е кратка. Бараме од институциите да стават крај на неказнивоста за говорот на омразата, соопшти ЦИВИЛ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...