Цивил: Имаше системски грешки и недоследности на изборниот процес

Цивил процесот го набљудувал долгорочно со 30 набљудувачи, а со 307 акредитирани набљудувачи на денот на гласањето.

95

Референдумот во Македонија беше релативно добро организиран и помина во претежно мирна и демократска атмосфера, оценува Цивил.

Сепак, оценува Цивил, овој изборен процес беше исполнет со низа проблеми, недоследности, системски грешки и нерегуларности.

„Целиот процес во контекст на референдумот на површина исфрли низа проблеми кои со години се таложеле, а решенијата се одложувале или се ставале во фиока, што уште повеќе ја влоши ситуацијата во последните денови пред гласањето, како и на самиот ден на гласањето“, стои во соопштението.

Цивил, како што се додава во соопштението, процесот го набљудувал долгорочно со 30 набљудувачи, а со 307 акредитирани набљудувачи на денот на гласањето.

Од Цивил најавуваат дека наодите и препораките утврдени од набљудувањето ќе ги објават наскоро.

Првите анализи, се наведува во соопштението, во видео формат и  низ колумни на еминентни аналитичар(к)и ќе ги презентира на својата медиумска платформа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...