ЦИВИЛ: Да наздравиме за иднината

411

Пратеничките и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се надминаа себеси – гласаа за уставни измени. Тие му го свртеа грбот на Мицкоски, рускиот играч на македонската политичка сцена. Со ова, Македонија ја победи руската агресивна политика со која децениските аспирации на нашата земја сега станаа реалност. Мицкоски падна на колена во Штип. И остана на колена. Западот го победи Истокот, соопшти ЦИВИЛ.

– Во овој миг, најважно е да надвладее разумот над емоциите. Да ја разбереме историската важност на процесот и перспективите што конечно се отвораат по оваа одлука на Собранието. Да ѝ дадеме простор на оваа одлука да се преточи во реалност и да го изодиме патот без непотребен шум, без колебања и ситничарење, без ступидни изливи на бесмислен национализам.

Процесот започна со искрен дипломатски и политички дијалог. За кратко време, искреноста и посветеноста родија плод, се удрија темелите за надминување на апсурдниот проблем меѓу Македонија и Грција и дојде до Спогодба. Сега, тоа што го поставија двајцата модерни, храбри и мудри лидери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, со министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со владите и со мнозинството прогресивни граѓанки и граѓани на двете земји, треба да се спроведе до крај.
Време е за мир и прогрес! Време е да зачекориме кон иднината.
И да прославиме еднаш без задршка и лоши мисли, без страв, обвинувања и „длабоки” анализи кој, кому и како… Само да наздравиме. Со широка насмевка. За иднината!, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...