Хрватскиот пејач Тони Цетински се преселил во Опатија, и сега живее со сопругата во 40 метри квадратни, но, тој никогаш не бил посреќен, како што вели за ИН Магазин.
Неговата сопруга закрепнува од мозочен удар, а во Опатија оди на терапија.
Цетински вели дека по здравствените проблеми, сопругата Дубравка малку го забавила темпото и дека двајцата никогаш не биле поблиски, и како што вели на шега, невозможно е да не бидат интимни во 40 квадрати.
Цетински отворил свое музичко училиште и вели дека многу го радува работењето со деца.
Во училиштето има многу талентирани деца кои немаат пари и бесплатно учат пеење, изјавил пејачот.