Пред Владата на Република Македонија во 11 часот треба да почне свечена церемонија на која ќе биде подигнато знамето на НАТО, а најавено е обраќање и на премиерот Зоран Заев.
Од зградата на Владата вчера веќе беше отстранет написот „Влада на Република Македонија“ откако грчкиот Парламент го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.