Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ расправа за актуелните состојби

Една од темите е затворската казна на поранешниот лидер на партијата Никола Груевски.

1555

Неодамнешната посета на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Хелсинки, на конгресот на ЕПП, затворската казна за поранешниот премиер и лидер на партијата Никола Груевски и актуелната состојба се теми на седницата на Централниот  комитет на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува вечерва.

Кратка изјава даде актерот Тони Михајловски кој е член на партиското тело.

Михајловски рече дека листата за прогонот кон ВМРО-ДПМНЕ не завршува кај пратеникот Никола Груевски.

– Повеќе од јасно е дека прогонот е насочен кон ВМРО-ДПМНЕ и неговото поранешно и сегашно раководство – рече Михајловски.

Тој рече дека партијата ќе ги преземе сите мерки кои и стојат на располагање на една опозиција.

– Правни пред сѐ човечки и ќе се обрати таму каде што треба да се обрати за правда пред се во институциите во Македонија- рече Михајловски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...