Центар ќе продолжи да ги урива дивите тераси

564

Денеска се извршуваа решенија – извршни управни акти на овластените градежни инспектори на општината. Овие решенија се донесени во 2017-та и почетокот на 2018-та година и денешното извршување е во рамки на акцијата на општината за справување со нелегално поставената урбана опрема, соопшти Општина Центар.

– По бројните жалби на жителите на општината и по донесувањето на решенијата, на засегнатите страни им беше оставен простор од повеќе од шест месеци самите да постапат и да ги отстранат незаконски поставените објекти. Бидејќи истите тоа не го сторија, општината пристапи кон административно извршување на донесените управни акти.
Акцијата на општина Центар за справување со диво поставената урбана опрема, односно терасите пред угостителските објекти, ќе продолжи и во наредниот период, со цел ослободување и нормализирање на сообраќајот на луѓе и на возила на целата територија на општината, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...