Во пресрет на апостолската посета на папата Франциск во Центар ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот, информира ЈП „Комунална хигиеба“.
– Вечерва околу 22 часот ќе бидат дислоцирани контејнерите на 45 локации на следните булевари и улици: Гоце Делчев, Св.Климент Охридски, Мајка Тереза, Даме Груев, Филип Втори, ВМРО, Орце Николов, Митрополит Теодосиј Гологанов, Кирил и Методиј, како и на Кејот 13 Ноември. Дислоцираните садови за исфрлање на отпадот ќе бидат вратени на своите локации околу 22 часот утревечер – стои во соопштението.
Комуналците апелираат граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад.