Центарот за зависници ќе се пресели во населба вон центарот на Скопје

790

Центарот за зависници во Кисела Вода нема да биде веќе во централното градско подрачје, туку ќе се пресели во некоја од населбите. Разгледуваме 2-3 предлога за можна локација, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Револтирани граѓани од Кисела Вода синоќа се заканија дека ќе преземат радикални мерки, како протести, а дека на 3. декември ќе го блокираат Центарот за зависници, ако тој итно не се премести. По само 20 минути, тие синоќа ја напуштија средбата со градоначалникот на општина Кисела Вода и со министерот Филипче, поради неисполнетото ветување дека оваа установа ќе биде дислоцирана до 30. ноември.

Новата локација на центарот треба да биде со добри транспортни врски, но и со соодветен просторен капацитет за овие лица. Центарот ќе се пресели во некоја од приградските населби, вон центарот на Скопје – рече Филипче. 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...