Потребниот цензус од 40 отсто на претсеателските избори е постигнат, што значи дека Македонија вечерва ќе добие нов претседател.
Според најновите информации на ДИК, до 18.30 часот гласале 795.577 или 44,5 отсто од обработени 97.61 проценти од избирачките места.
Најголема излезност има во Крива Паланка од 70,49 отсто, а меѓу местава со поголема излезност се и Битола со 53,26, Вевчани 65,23, Гевгелија 66,17 отсто, Демир Хисар 67,12, Дојран 65,53, Кавадарци 61,15 отсто, Карпош 55,91, Крушево 66,57, Неговитно 65,25, Новаци 65,77, Ранковци 66,68 отсто.
Меѓу местата со најмала излезност се: Шуто Оризари 26,91, Центар Жупа 17,47, Теарце 23,58, Студеничани 29,12, Струга 28,98 отсто, Желино 15,42, Гостивар 23,32, Липково 23,93 отсто, Арачиново 30,65.