На доделувањето на филсмките награди САГ, кои се одржаа во понеделникот, Бред Пит со потсмејување зборуваше за разводот со Анџелина Џоли, а потоа воодушевено ја гледаше Џенифер Анистон, поради што Анџелина многу му се налути на поранешниот сопруг, пренесуваат светските таблоиди.
Многумина беа воодушевени кога повторно ги видоа заедно Џенифер Анистон и Бред Пит, но се чини дека обожавателите на Анџелина Џоли не се, затоа што актерот одржа говор истата вечер со кој „ја поткачи“ Анџелина, а изворите тврдат дека на актерката ѝ паднало тешко тоа.
– Да бидеме искрени, ова беше тешка улога. Овој човек е „издрогиран“, ја соблекува маицата, не се согласува со сопругата. Беше тешко – Бред се пошегува на сметка на својата улога во „Беше еднаш во Холивуд“.
Бред Пит и Џенифер Анистон се повторно во центарот на вниманието откако се појавија на 26-то доделување на наградите САГ, каде Бред Пит го сврте целото внимание кон поранешната сопруга, а како што беше објавено дека Бред и Џенифер се разведоа поради Анџелина Џоли, сите прашуваат како таа реагира на ваквите фотографии. Како резултат, обожавателите не запреа, туку веданш направија видео кое го насмеа целиот свет.
FOTO: Instagram/Printskrin