Тимот од поранешната државна детска кардиохирургија, која премина во приватната болница на д-р Жан Митрев, има сериозни недоразбирања со новиот газда, кои можат да доведат до тоа целиот тим да ја напушти болницата, потврди за Плусинфо извор од тимот.
Претходно, порталот А1он објави дека причина за недоразбирањата се неисполнети услови кои биле најавени во почетокот на соработката меѓу тимот кој премина од државната клиника и „Жан Митрев клиник“.