Голем пожар го зафати Преспанскиот регион, туристичките населби Отешево и Сирхан, како и дел од Националниот парк Галичица. Пожарот зафатил околу 300 хектари шума, овоштарници и трска по крајбрежјето.
„Цела Преспа е во пламен. Гореше кај Отешево, Сирхан, прво трската околу езерото, а потоа ветерот го префрли огнот преку асфалтираниот пат и ја зафати шумата. Се движи кон Националниот парк Галичица. Немаме струја, се запали и далековод“, раскажува за СДК сопственик на вила во Сирхан.
Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски вели дека за сега ситуацијата е стабилизирана.