Цевка од парно поплавила дел од доказите за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

2105

Дел од документите собирани како докази за три предмети, биле поплавени, потврди СЈО за емисијата „360“ на телевизијата Алсат.

– Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките, при што беше зафатена дел од документацијата за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Треба да се има предвид дека во ова Обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не се ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување – одговорија од СЈО.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...