Цвеќето од ГДУ за дупките, порака до Општина Битола

189

Пред само неколку дена Граѓанско-демократска унија (ГДУ) имаше должност да ѝ подари букет на градоначалничката на Oпштина Битола.

„Цветовите засадени во дупките на улиците близу Широк сокак беа со цел да ја подигнат свеста и да ја разбудат дамата која удобно спие во својата фотелја, додека нејзините сограѓани си ги кршат своите возила по таканаречените улици низ градот.

Се прашуваме, чија беше таа генијална идеја со која се „реши“ проблемот до првиот дожд? Ова ли е решенито кое го нуди Општина Битола за решавање на проблемите со улиците?!“, се наведува во реакцијата на ГДУ.

Оттаму напоменуваат до Општината ако не е спремна да биде сервис за граѓаните, да го остави „тоа да биде некој кој сака, може и умее да го направи овој град достоен да биде град на конзулите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...