Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова реагира на инцидентот на навивачката група „Шверцери“ во Македонски народен театар.
„Да дозволиш собир и дивеење на навивачка група во храм на уметноста е скандалозно само по себе но, од друга страна, е вистинска рефлексија на односот кон културата во Македонија. Што е следното, МНТ да го пратите да настапува на стадионот во Чаир?“, пишува Цветанова на Твитер.