Фејсбук Статус на Цветанка Ласкова, советничка на премиeрот Зоран Заев откако во јавноста излегоа информации дека фирмата на нејзината снаа Христина Керкез, добила околу 330.000 евра државни пари за проект за информатичка технологија.
„Во интерес на јавноста, сакам да потенцирам дека јас како советник за култура во Канцеларијата на премиерот, немам никаков пристап во креирање на економските политики на владата од ниту еден аспект, а најмалку во доделување на државната помош. Јас не сум именуван функционер, туку службеник-советник кој извршува професионални работни задачи исклучиво во областа на културата.
Укажувам дека ниту некогаш сум била инволвирана во професионалните ангажмани на членовите на моето семејство, ниту имам намера во иднина да бидам вклучена, ниту пак сум била запознаена со повиците за грантови на Фондот и со одлуките кои комисијата на тој Фонд ги донела. Ги повикувам надлежните институции, да се изјаснат доколку постои какво било нарушување на процедурите или пак конфликт на интерес поврзан со мојот професионален ангажман“, пишува Ласкова.