Цаца-Николовска: Прочистување на судиите може да се врши и преку мониторинг

355

Прочистувањето на судиите, обвинителите, адвокатите  требаше да се изврши многу одамана, за да не преовлада мислењето дека сите судии не се добри, рече Маргарита Цаца Николовска, уставен судија на трибината на тема „Правда наместо амнестија“, во организација на СДСМ.

Прочистувањето однатре не вроди со плод, но тоа може да се изврши од страна на Судскиот совет, Комисијата за спречување на корупцијата, рече Николовска.

Таа посочи дека оценување на судии треба да се врши во секое време, особено во земји каде има проблем со независност и пристрасност.

– Потребен е мониторниг кој може да се изведе и без законски решенија, каде ќе се мониторира работењето на судиите и обвинителите, а тоа може да се врши од страна на многу институции – истакна Николовска, додавајќи дека и Судот за човекови права ги мониторира судовите.

Мониторингот може да овозможи одредено прочистување кај судиите, обвинителите, адвокатите и правобранителите, но секој мора да одговара за незаконско работење заклучи Николовска на трибината во организација на СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...