Царовска: Секое дете треба да има ист старт во животот, а градинките да бидат пристапни за сите

117

Инвестирањето во раниот детски развој е еден од високите приоритети на Владата на Република Северна Македонија, поради што годинава обезбедивме за 300 отсто поголем буџет за изградба на градинки, министерката за труд и социјала Мила Царовска, која во Женева учествуваше на Регионалниот форум на УНЕЦЕ 2019: Врсничко учење за одржлива иднина.

– Секое дете треба да има ист старт во животот, а градинките да бидат пристапни за сите, бидејќи раниот детски развој е клучен за создавањето на квалитетен човечки капитал во иднина. Целта на МТСП е во следните 4 години опфатот на деца кои одат во градинка да го зголеми за 50% и полека да се приближуваме до европскиот просек којшто изнесува 90%, а тоа ќе го постигнеме само со јакнење и проширување на капацитетите на што веќе засилено работиме. На овој начин не само што градинките ќе згрижуваат повеќе деца, туку истовремено ќе обезбедуваме и поголема застапеност на жените на пазарот на трудот, што во моментот е на многу ниско ниво – рече Царовска.

Шефицата на Кабинет на министерската Царовска, Санела Шкријељ зборуваше на панел дискусија за инклузивни и посветени институции.

– Само институции коишто креираат родово одговорни политики имаат основа да ги таргетираат потребите и придобивките подеднакво за сите граѓани и за жените и за мажите. Целта на ваквите политики е токму тоа никој да не биде изоставен – рече Шкријељ.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...