Царовска побогата за 1,3 милиони евра, Шекеринска купила луксузно „оф роуд” возило за забава

7965

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска на својата имотна состојба го додала моторното возило „BRBCAN AM Outlander MAX XT-P1000 T 3 B ABS“, открива центарот за истражувачко новинарство SCOOP.

Луксузното „оф роуд” возило за забава на 4 тркала се вози по планини, чини 15 илјади евра, а е во сопственост на нејзиниот сопруг.

– Се работи за ново моторно возило, уредно пријавено како нов стекнат имот на брачен другар, во вредност од 927.000 денари, за чија исплата, како што е наведено во образецот на ДКСК за пријавување промени на имотната состојба, е подигнат потрошувачки кредит со рок на подмирување до 2024 година – велат од кабинетот на министерката Шекеринска за SCOOP.

Целата сторија на SCOOP овде.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...