Централниот одбор на СДСМ донесе одлука да се изберат пет потпретседатели на партијата и тоа Мила Царовска, актуелен министер за труд и социјална политика, Коста Петров, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи, Мухамед Зекири, актуелен пратеник во Собранието и Дамјан Манчевски, актуелен министер за информатичко опшество и администрација.
Перов на јавноста и е познат како авторот и ПР експерт. Тој и Царовска ќе ги заменат на партиските функции Петре Шилегов и Форсина Ременски.
Петров преку својот Фејсбук профил порача дека одлучил да влезе во политика за да се обиде да направи нешто подобро, а не само да стои настрана и да коментира. Вели дека немањето искуство во политиката го смета за свој најголем адут.