Царовска: Одлуките што ќе ги донесе премиерот се според учинокот на секој од нас како министри

518

Верувам во промени, промените секогаш носат добри работи, но исто така верувам во одлуките на премиерот и сигурна сум дека ќе ги направи врз основа на учинок на секој од нас како министри и врз основа на задоволството на граѓаните, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа кои се нејзините очекувања од вечерашната седница на Централен одбор на СДСМ.

– Сметам дека одлуките кои ќе ги донесе премиерот се соодветни и дека врз основа на се што сме направиле тој ќе процени дали е добро, дали е лошо, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за имплементацијата на социјалната реформа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...