Царовска објави дека 2.631 граѓанин се стекнал со социјална пензија

257

Од почетокот на спроведувањето на социјалната реформа до сега 2.631 лице се стекнаа со правото на користење на социјална пензија предвидена со законската регулатива за социјална сигурност на стари лица. Месечниот надоместок изнесува околу 6.000 денари, средства со кои социјално се обезбедуваат лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција.

Како што соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, право на социјална пензија имаат сите лица кои се државјани на Република Северна Македонија најмалку 15 години и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.

За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална пензија месечниот надоместок го користи само еден член, бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со ПИО.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите граѓани и граѓанки коишто ги исполнуваат условите предвидени со законската регулатива да поднесат барање за остварување на социјална пензија во месно надлежните центри за социјални работи.

Со воведувањето на социјалната пензија за повозрасните лица како Влада уште еднаш потврдуваме дека подеднакво се грижиме за сите граѓани. Секој од нас, велат од МТСП, заслужува достоинсвен живот во општеството, бидејќи сите заеднички сме допринеле во неговото градење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...