Царовска и Јанчев го отворија „Петар Пан“

239

Во градинката „Рада Поцева“ во Кавадарци е отворен нов објект од 126 квадратни метри за сместување на дечиња. Именувам е „Петар Пан“ и во него ќе се згрижуваат до 23 деца на возраст од 2 до 6 години.

За него Министерството за труд и социјална политика за него обезбеди сума пари во висина од 619.200 денари.

– Градинката е место каде започнува развојот на детето. Тука децата го осознаваат светот, тука ги градат темелите на нивниот понатамошен развој и напредок. Токму затоа, ние продолжуаме да инвестираме во нови објекти, но и во кадрите кои се грижат за нашите најмлади и целокупниот квалитет на предучилишното образование – изјави министерката за труд и социјалната политика, Мила Царовска.

Во моментов во тек се градежните активности за уште два објекти „Детелинка“ и „Снежана“ за кои Министерството за труд и социјална политика издвои 2.6 милиони денари, за капацитет од 130 деца.

„За две години изградени се вкупно 24 нови објекти на градинки, а за 2019 е издвоен 300 отсто повисок буџет за оваа намена. Досега обезбедени се 1.400 согласности за вработувања во градинките. Исто така, во октомври лани сите 4.300 вработените во градинките добија плата повисока за 5 отсто, а зголемувањето на платата на овој кадар продолжува и годинава“, потсетуваат од министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...