Царовска во Кичево: Овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани

53

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која беше во работна посета на Општина Кичево, се сретна со градоначалникот Фатмир Дехари со кого разговараа за повеќе прашања од социјалната заштита на локално ниво.

Работниот престој мистерката го искористи да ја посети и новоизградената градинка и да се сретне со вработените во Центарот за социјални работи на Кичево.

– Со социјалната реформа овозможуваме подобар живот за нашите најранливи граѓани. Вработените во кичевскиот центар се професионални и мотивирани и одговорно ја спроведуваат социјалната реформа со којашто драстично се зголеми помошта за примателите на социјалните права – рече Царовска.

Министерката истакна дека посебно и е драго што Кичево од есен добива нова детска градинка, што е изградена со средства од Турската агенција за соработка и координација ТИКА.

– Продолжуваме да вложуваме во раниот детски развој и квалитетно предучилишно образование со вработување на кадар кој што е компетентен. Истовремено ги прошируваме капацитетите на детските градинки низ целата држава со цел во следните четири години опфатот на деца во градинките да го зголемиме за 50 отсто – рече Царовска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...