Цариниците открија 130 кг марихуана на преминот Богородица ГАЛЕРИЈА

Од почетокот на 2018 година, во пет случаи на повеќе гранични премини запленети се 472 килограми марихуана.

916

Царинските службеници од граничниот премин Богородица при контрола на товарно моторно возило со албански регистрации  открија 130 килограми  марихуана, соопштија од Царинската управа.

 Возилото го управува 37-годишен државјанин на Албанија кој рекол дека тоа е празно и оти патува од Албанија преку Македонија за Турција.

„Царинските службеници извршиле контрола на возилото, при што во дрвените странични даски што ја држат церадата од полуприколката, во специјално изработен простор во внатрешноста на даските, се пронајдени вкупно 323 пакувања завиткани со прозирна најлонска фолија, наполнети со марихуана со вкупна тежина од 130 килограми. Вредноста на запленетата дрога на црниот пазар при продажба на мало би изнесувала  390.000 евра.

До велешкото обвинителство против возачот е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори,  а судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Од почетокот на 2018 година, во пет случаи на повеќе гранични премини запленети се 472 килограми марихуана. Ова е втор поголем случај на заплена на дрога откако претходно на 28 јануари 2018 година на граничниот премин Богородица, на влез во Република Македонија запленети беа 310 килограми марихуана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...