Царина отвори истрага за нивниот службеник Александар Трајковски

910

Царинската управа на Република Македонија вчера отворила истрага против царинскиот службеник Александар Трајковски во врска со неговото отсуство од работа, соопштија оттаму.

– Од царинскиот службеник побарана е изјава за отсуството од страна на инспектори од Секторот за професионална одговорност, и истиот го доставил Извештајот за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување. Истрагата е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работни односи (член 81) и Колективен договор – велат од Царина.

За текот на истрагата и резултатите од можна злоупотреба на отсуството согласно актите на Царинската управа и законските прописи, посочуваат оттаму, јавноста ќе бидат навремено информирани.

Трајковски беше фотографиран со избеганиот поранешен премиер Никола Груевски во Будимпешта. За отсуството од работа тој зема боледување, а вчера за првпат се појави пред новинарите во Македонија кога дојде на судење за „Насилството во Центар“. Тој потврди дека е на фотографијата, но рече дека во Бдимпешта отпатувал за да добие второ мислење за неговиот здравствен проблем со синусите и дишните патишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...