Хaрадинај наложи да се платат 30 тегли мед на продавач кому ветрот му ги скрши на пазар

2630

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај наложи од буџетски средства да му се исплатат 30-те тегли мед на еден производител, кому силниот ветар денеска му ги урна од тезгата и се искршија во центарот на Приштина, јави дописникот на МИА.

На малиот, мобилен пазар, на плоштадот „Мајка Тереза“ во косовскиот главен град, домашни производители два пати во текот на неделата имаат можност да ги продаваат своите производи, а денеска, на еден од нив, му се случи непријаност, кога силниот ветар му ја урна тезгата заедно со 30 тегли мед, кои сите се искршија.

Кабинетот на премиерот Харадинај, откако медиумите ја објавија информацијата, соопшти дека се земени податоците од оштетеното лице и „во редовна процедура, преку одредени буџетски линии, премиерот Харадинај ја потпиша одлуката за компензација“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...