Џереми Едвардс настапи на британскиот Х Фактор: ВИП лица заедно со поранешниот танчер на „Stricly Come Dancing“, Брендан Кол. Тој се налути откако не беше препознат од членови на жирито.
– Брендан и? Џереми, од кое шоу си ти? – праша Луис Волш.
На што актерот одговори:
– Јас играм во „Millie Inbetween“, шоуто број еден за деца во земјата.
Четириесет и осумгодишниот актер, познат и по својата улога на Курт Бенсон во „Hollyoaks“, заедно со Кол ја изведија песната на Кајли Миног, „Love At First Side“.
По коментарите за песната, Сајмон Ковел му рече на Едвардс:
– Не те знам многу добро, но 16 милиони луѓе те гледаа секоја недела. Да не го заборавиме тоа.
Во музичкото шоу се натпреваруваат актери, модели, новинари, риалити ѕвезди, спортисти и инфлуенсери на социјалните мрежи.
ФОТО: Фејсбук