Расел Вестбрук експлодираше со 41 поен, а новото засилување Роберт Ковингтон постигна 2 клучни тројки за да му помогне на Хјустон да победи со 121-111 среде Лос Анџелес Лејкерс.
Џејмс Харден остана со скромни 14 поени, но „Ракетите“ повторно цврсто се обложија на ниска петорка, и во ниеден момент на паркетот немаа играч повисок од 2 метри.
Вестбрук одигра еден од најдобрите негови натпревари сезонава за да ја премине границата од 20.000 поени во кариерата. Тој е еден од тројцата кој има повеќе од 6.000 скока и 7.000 асистенции. Другите двајца се Леброн Џејмс и Оскар Робертсон.
Ентони Дејвис доминираше во рекетот со 32 поени и 13 скокови, додека „кралот“ запиша 18 поени, 15 асистенции и 9 скокови, но Лејкерс го испуштија натпреварот во последните минути.
Тие водеа со 108:105 на помалку од 5 минути пред крајот, кога почна серијата од 16:3 за гостите,кои доведоа до победа во дуелот. Ковингтон постигна тројка за 115:111, а по грешка на Леброн, Вестбрук реализираше. После новите промашувања на домаќините, Ковингтон го запечати триумфот со уште 3 поени.
Тимот од Тексас реализираше 19 удари од 42 обиди, но и покрај победата, останува значителен сомнеж дали можат со ваков состав да стигнат далеку во плеј-офот. Тие имаат скор 33-18, се борат за подобра позиција на Западот, а „езерџиите“ се со 38-12.
Други резултати:
Њујорк – Орландо 105:103
Чикаго – Њу Орлеанс 119:125
Милвоки – Филаделфија 112:101
Портланд – Сан Антонио 125:117.