Хуманитарна детска модна ревија во спомен куќата на Тоше

90

Во спомен куќата „Тодор Проески“ викендов се одржа детска хуманитарна ревија со изработките на студентите од Технолошко техничкиот факултет од Штип, под менторство на Ванѓа Димитријева Кузманоска.

Изработките кои беа претставени од учениците од ООУ „Никола Карев“ од Крушево ќе се донираат на деца од 6 до 9 години згрижени во семејства во Крушево.

Настанот е поддржан од општина Крушево, за што беше доделена и благодарница, спомен куќата „Тодор Проески“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...