Хуманитарна акција во Охрид во спомен на градоначалникот Јован Стојаноски

84

Хуманитарна акција „Во спомен на Јован Стојаноски 2019“ ќе се одржи на 15. декември, денот кога престана да чука срцето на поранешниот градоначалник на Охрид и хуманист, професор доктор Јован Стојаноски.

Акцијата ја организира Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС Балканмедиа од Охрид.

Здружението информира дека од своите донатори досега има обезбедено голем број артикли од бела техника, средства за хигиена, прехранбени производи и други добра.

– Стојаноски беше поборник за многу хуманитарни акции, човек кој секогаш сакаше да им помага на ранливите категории граѓани, човек кој имаше визија за големи нешта за подобар живот на сите во Охрид – истакнуваат од СОС Балканмедиа, кои изразуваат благодарност до сите донатори во акцијата „Во спомен на Јован Стојаноски 2019“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...