Хуманитарната организација на Мајка Тереза продавала бебиња

630

Една од жените кои работат во хуманитарната организација на Мајка Тереза, „Мисионери на милосрдието“ во Индија, е уапсена под обвинение дека продала бебе старо 14 дена.

Уште две жени биле приведени и ќе бидат испрашувани за други можни случаи на продажба на бебиња, јавува Би-Би-Си.

– Дознавме дека уште неколку бебиња се нелегално продадени од овој центар. Ги најдовме имињата на мајките и овие бебиња и спроведуваме понатамошна истрага – изјави полициски претставник за Би-Би-Си.

Полицијата во центарот нашла околу 2.200 долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...