Хуманитарен пикник на Алкалоид

186

Хуманитарен пикник организира денеска фондацијата „Трајче Мукаетов”.

На пикникот, кој се одржува осма година по ред, вработените во компанијата „Алкалоид“ и нивните пријатели донираат средства во Фондацијата за што добиваат специјално дизајнирана маичка.

Пикникот ќе се одржи во комплексот „Бест Вестерн – Хотел Белви”, во населбата Илинден во Скопје.

Минатата година беа собрани над милион денари кои беа донирани на одделите за епилепсија и за астма при Клиниката за детски болести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...