Христијане бре, не се дери во тоа микрофонот

Можеби постои и друга „женска“ статегија со ова демонстрацииве. Мора да постои, оти после 27 години преговарање за да го мениме името (и ние тоа го баравме, оти се викавме „фиромци“), ние „паѓаме во несвест“, оти сме го смениле името. Замислете, порачуваш бурек – добиваш бурек, а ти го тепаш продавачот, оти ти дал бурек. Ами да ти дадеа кифла?

4197

Прво малку за техниката. Микрофонот е поврзан со безжична врска со миксета, оваа со појачувач на звук, а „појачалото“ со звучници. Звукот се регулира посилно – послабо. Затоа Христијане Мицковски, не се дери во тоа микрофонот како овчар, туку речи им да ти го „појачаат“ звукот.

За појачување на совеста нема многу лекови, а и не верувам дека некои ќе делуваат. Звукот, на слабо посетените партиски журки на вемерето, го снижува и појачува Груевски. Исто и со содржината: Отвора уста Мицковски, се слуша гласот на грчките демонстранти.

Модата во политиката помага но, Христијане – провери. Меѓу нас нормалните речено, тој, договорен со своите колеги од десничарскиот блок во Грција, решил да го силува микрофонот со дерење – исто како што прават тие. Дали им се појачалата слаби, дали се навикнати да работат со типчиња, кои се палат на команди, па мораат да им се дерат на демонстрантите, кутриот, повторува сѐ она што прават неговите јужни браќа, довчерашните бизнис партнери на Груевски. Се дере „Македонија“, а од звучниците излегува „дајте власт“. Ехото се враќа како „стоп за пресудите за Груевски“. Од звучниците на Грците, во слободно време – „Јужномакедонци“, излегува „за што ќе зборуваме ако ја решите Македонија“? Треба да помисли нашиот „електричен“ патриот дали го личи, Грујо да му биде моден креатор, а тој да глуми манекен, надвор од модна сезона. Видовме, овега го бидува повеќе за Ал Капоне, помалку за Диор, како што Грците повеќе ги бива за задолжување, отколку за одговорност, чест на Ципрас и таквите како него, кои сфатиле дека национализмот може да ја расипе туристичката сезона.

Можеби постои и друга „женска“ статегија со ова демонстрацииве. Мора да постои, оти после 27 години преговарање за да го мениме името (и ние тоа го баравме, оти се викавме „фиромци“), ние „паѓаме во несвест“, оти сме го смениле името. Замислете, порачуваш бурек – добиваш бурек, а ти го тепаш продавачот, оти ти дал бурек. Ами да ти дадеа кифла?

Вистина, има овде нешто од тоа женскиот карактер. Тоа ти кога кога девојка се спрема да излезе со новиот додворувач, купила нов долен веш, се капе и спрема со сати, облекува секси облека, прска „бидекс“ и во меѓуножјето, купува кондоми, а потоа глуми незаинтересираност пред швалерот. Сите знаат дека таа „ќе си даде“, но потребно е да „заврти два – три круга“ околу колата, да не помисли швалерот дека е оваа лесна женска. Добро де Христијане, кружи малку околу колата, не е проблем. Само внимавај, оти може да ти се случи да „в’тиш“, а не да вртиш. Разликата е огромна, верувај.

Друга „женска“ логика е кога не те пуштаат в’црква, а ти ја сакаш од попот ќерката. Наместо за милениумскиот грабеж и сносење законска одговорност на апашите од вемерето, ќе шириме хистерија за името, за да се заборави „нашето“. Чекај бре Христијане. Не се сеќаваш дека со години вемерето ги започнуваше своите правдања на грабежите со: „а во ваше време?“. Сега ти, во име на тоа лоповско вемере ќе продаваш грижа за државата? А во ваше време Христијане Мицковски? Во ваше време? Во ваше време вие им дадовте муниција на грчките „хохштаплерски браќа“ (кои, исто како и вие Македонија, ја украдоа Грција со тоа кредитите и „проектите“), да ја пукаат Македонија каде ќе стигнат. Затоа се нашите преговарачки позиции ниски. Замисли Христијане: девојката – позната радодајка, родила два – три пати, ги остава децата во дом, не му дала само на тој што не побарал, а на средбата со новиот швалер, таа глуми невиност и ги оговара останатите девојки дека се курви. Многу е бре, дури и за тренирана радодајка.

Овој пат треба да паметиме. Овој пат нема да има разбирање за сите радодајки, кои вртат или в’тат кругчиња, за потоа да можат да му се продадат на народот како душебрижници. Овој пат ќе се брои секој пат кога дигнале нозе, а не колку кругчиња завртиле, да не ги мислат „лесни женски“. Тоа важи и за тебе Христијане и за тоа пирејот (не фикус) од претседател и за сите курви – викендаши/ки во исто време. Ова е историја, а не вашата припроста желба да го продадете газето поскапо. Оваа „историја“ ќе ве збрише сите вас хохштаплери од двете страни на границата. Страв од новото? Имате право. И треба да се плашите. И треба да се дерете во тоа микрофоните, како шизоси. Тоа е вашиот последен писок, пред да побарате работни места во реалниот сектор. Види со Анѓушев… имал секогаш места за добри стручњаци.
Да бев Грк, да бев преговарач за името, Македонија ќе се викаша „Чавка“. Толку ниско Заев стартува во преговорите, што ова ќе беше реална опција. Ниту ќе го имаше името „Македонија“ во предлогот, а за идентитетот, ќе запнував народот на соседот да се нарекува „еден од поранешните етнички идентитети на Југославија“ (ЕПЕИЈ). Така реално стојат работите, кои Заев ги промени, па, на занесените, тоа им е „предавство“, оти долго нема да дојдат на власт. Заев го продаде вемерето, Ципрас – грчките десничари. Тоа изгубија двете држави.

Затоа, барем не се дери во тоа микрофонот како скинат. Кажи ги твоите бесмислици подостоинствено, барем да можеме да разбереме за што воопшто зборуваш, оти правиш многу ехо, а ехото вели нешто друго – не она што ти сакаш да го кажеш, како глас на твојот ментор – со тапија криминалец. Што си ти? Навивач на Вардар? Адвокат на ѓаволот? Грчки платеник? Дечко западнат во лошо друштво? Ај одлучи што си, па јави.

Попатно, купи кондоми, оти „в’тењето околу“ ќе ти престане, кога ќе ти се скрши штиклата, па…. Не е само до „швалерите“ (ЕУ, НАТО и Русија), туку и до моментот. Едниот швалер е мртов пијан. Погоди кој?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...