Хрват објавил голи фотографии од тинејџерка на Фејсбук, таа сакала да се убие

1578

Со таа девојка бев во врска година дена. Еден ден ми беше досадно на работа, па од љубомора што има ново момче, ги објавив нејзините фотографии. Знам дека ја повредив и жал ми е.

Со ова се бранел дваесетгодишник од Хрватска. Тој, како што е обвинет, од својот мобилен телефон на лажен профил ставил две фотографии од 17-годишничката во долен веш. Таа поради фотографиите имала трауми и трпела исмејување, пренесува „Курир.рс“.

– Забележав дека нешто чудно се случува со мојата ќерка. Не можеше да спие, ниту да јаде. Се жалеше на болки во стомакот и во главата. Со сопругата се обидовме да разговараме со неа, но таа не избегнуваше. На крај ни призна дека во училиште е злоставувана, но и на Фејсбук. Не можела да го издржи тоа и сакаше да се убие – рекол таткото на девојката.

Таа му кажала дека „на некој Фејсбук, не знаела чиј е, ги видела своите фотографии“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...