Хрват измамил Македонец со 40.000 евра за градежни машини

143

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе известување против М.К.(38) од Хрватска, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 13-ти минатиот месец во Групчин, 34-годишниот А.Г. од тетовското село Стримница, кој е управител на фирма, пријавил дека прво остварил телефонски контакт со непознато лице, кое се претставило како сопственик на фирма во Милано, Италија, во врска со набавка на работни машини.

На 26-ти ноември, тој испратил негов претставник во Италија каде му биле покажани работните машини, при што претставникот дал 8.000 евра како капар на лице кое како гаранција му приложило фотокопија од лична карта на име М.К.(38) од Р.Хрватска.

Откако 34-годишникот во два наврати уплатил дополнителни 32.000 евра на фирмата во Италија, лицето со кое претходно контактирале ги прекинало сите контакти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...